Влезот за сите филмови ќе биде бесплатен. Проекциите се закажани во 20 часот, освен во четврток (29 октомври) кога на репертоарот ќе се најдат два детски филма кои ќе се прикажуваат во 17 и во 19 часот.
Неделата на германски филм, која годинава ќе се одржи по седми пат, е резултат на одличната соработка со Амбасадата на Сојузна Република Германија во Република Македонија и Прокредит банка како организатори на овој Филмски фестивал кој се одржува во Скопје, а дел од програмата се прикажува и во Штип.
Во продолжение е програмата за Недела на германски филм:
26.10.2015 – РОДЕН ВО БОЛКА (криминален филм)
Германија 2014, 89 мин.
Почеток: 20 часот
27.10.2015 – ФЕНИКС (драма)
Германија 2014, 98 мин.
Почеток: 20 часот
28.10.2015 – ХАКЕРИ (трилер)
Германија 2014
Почеток: 20 часот
29.10.2015 – ЛОЛА НА ГРАШОКОТ (детски филм)
Германија 2014, 90 мин.
Почеток: 17 часот
СПАСЕТЕ ГО РАФИ (детски филм)
Германија 2015, 97 мин.
Почеток: 19 часот (детски филм)
30.10.2015 – 300 ЗБОРА ГЕРМАНСКИ (комедија)
Германија од 2014, 96 мин.
Почеток: 20 часот