Во организација на Катедрата за орална и максилофацијална хирургија и дентална имплантологија, на 7 ноември 2015 г. (сабота) во Мултимедијалниот центар на УГД (Економски факултет – Штип) ќе се одржи Стручен симпозиум (четврти по ред) со наслов „Естетски концепти за функционална оклузална рехабилитација“.
Симпозиумот е акредитиран од стручната комисија при Стоматолошката комора на Македонија со 8 бода за пасивно и 12 бода за активно учество.
За време на Симпозиумот ќе бидат поставени штандови од покровителите.