УГД и оваа година организира хуманитарна акција

Универзитетот „Гоце Делчев“ во изминатите години ја покажа својата општествена одговорност преку различни хуманитарни акции, учествувајќи во многу хуманитарни и добротворни активности.

И оваа година преку нова хуманитарна акција УГД собира средства за лична хигиена наменети за Државното средно училиште за образование и рехабилитација „Искра“ – Штип.

Минатата година, во предновогодишниот период, Универзитетот спроведе една масовна хуманитарна акција „Мала радост“ на која беа собрани детски играчки кои се поделија на Детското одделение при Клиничката болница во Штип, на Центарот за аутизам во Штип и на социјално загрозените семејства. Во акцијата беа собрани повеќе од 2.000 детски играчки, сите нови и употребливи.

Ќе ни биде чест и задоволство доколку се приклучите кон акцијата со Ваша донација.  Да направиме некого среќен и насмеан во предновогодишната атмосфера, велат од Универзитетот „Гоце Делчев“.

Сите заинтересирани граѓани кои сакаат да донираат можат своите донации да ги оставаат во брендираните кутии „Мала радост“ поставени во објектите на Универзитетот.

Последен пат изменето на Четврток, 15 Декември 2016 16:06
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…