Душко Гојковиќ почесен доктор на науки на УГД

Познатиот џез музичар Душко Гојковиќ од Србија неодамна го доби признанието почесен доктор на науки на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Во Домот на АРМ во Скопје му беше доделена диплома за почесен доктор на науки од областа на џез музиката од страна на ректорот на УГД и деканот на Музичката академија.

Оваа титула му се доделува во знак на признание на неговиот значаен интелектуален и професионален ангажман во креирањето на политиката на професионалната џез музика.

Свечената промоција на Гојковиќ во Скопје ја направи ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев, заедно со деканот на Музичката академија, доц. д-р Тони Китановски.

Полувековното опус на Душко Гојковиќ како инструменталист, композитор и аранжер од највисок ранг, неговиот особен музички израз и постојаната присутност на светската сцена придонесоа неговото име да се вбројува меѓу великаните на џезот во светот. Овој великан со Одлука на Универзитетскиот сенат е почесен професор на Музичката академија при УГД.

Последен пат изменето на Среда, 21 Декември 2016 09:47
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…