(Видео) Средба на ректорот Боев со амбасадорот на Словенија во Македонија, н.е. Милан Јазбец

Ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев, оствари средба со aмбасадорот на Република Словенија во Република Македонија, неговата екселенција проф. д-р Милан Јазбец. Амбасадорот Јазбец од страна на рекорот Боев беше запознат со Универзитетот „Гоце Делчев“, како појдовна основа за остварување на соработка со високообразовни установи и институции од Словенија:

Драго ми е што денеска сум овде на Универзитетот „Гоце Делчев“, голем универзитет, и квалитетен, и има можности за соработка со Словенија на различни подрачја. Мислам дека треба да оствариме соработка со размена на студенти и професори. Јас сум професор на Универзитетот во Љубљана и мислам дека наједноставно е да се започне со некои теми од политичките науки, евроинтеграциите, тука има некои отворени прашања на кои и двете страни можат да придонесат. Секако, може да соработуваме и во областа од која доаѓа ректорот, која е апликативна во индустријата. Мене ми се чини дека овие две области се најпогодни за соработка, всушност и нашата средба веќе е соработка. Треба да видиме како да се имплементира оваа соработка, да се мотивираат студентите, иако мислам дека мотивацијата и не треба да биде проблем, бидејќи веќе има студенти кои преку Еразмус се во Словенија, веројатно и од Словенија во Македонија. Значи постојат веќе некои основи кои треба да се конкретизираат, во смисла дека за македонските студенти не е само Љубљана Словенија и за словенечките студенти не е само Скопје Македонија. Мислам дека тоа е релативно лесно, но треба некој да започне да се занимава посериозно со тоа и да се мотивираат студентите изјави амбасадорот Јазбец.

За ректорот проф. д-р Блажо Боев средбата со амбасадорот на Словенија во Македонија е од големо значење за корисна соработка, која и досега ја имаме со Словенија.

Ние со Словенија имаме традиционално добри односи и соработки, и поразговаравме со амбасадорот. Тој е професор на Универзитетот во Љубљана, во делот на политичките науки, и мислам дека таа тема е една од клучните за која веројатно во иднина ќе поразговараме преку нашиот Правен факултет, во поглед на соработката во делот на политичките науки и она што значат ЕУ интеграциите во делот на нашето приклучување. Реков, со Словенија имаме добра соработка, разговаравме за продолжување на таа соработка во насока на размена на студенти и професори и мислам дека е добра можност тој да го запознае нашиот универзитет и, како што кажа, да се види дека не е сета Македонија само Скопје и дека и ние во Штип имаме што да понудиме како УГД.изјави проф. д-р Блажо Боев

 

Последен пат изменето на Четврток, 26 Јануари 2017 09:13
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…