Општинско признание за студент на УГД од Кавадарци

Студент на Универзитетот „Гоце Делчев“ се најде меѓу деветтемина лауреати на општинското признание на Кавадарци. Станува збор за Билјана Костова, која минатата година дипломира со просек 9 на Земјоделскиот факултет при УГД, на насоката Лозарство, во Наставниот центар во Кавадарци.

Костова во меѓувреме се вработи во АД „Гоце Делчев – Тиквеш“. Локалната самоуправа на Кавадарци и градоначалникот Александар Панов по првпат ги доделуваат овие признанија, опфаќајќи граѓани кои се ангажирани во повеќе области во градот, а кои во текот на минатата година дале придонес за афирмацијата и развојот на градот Кавадарци.

Последен пат изменето на Петок, 27 Јануари 2017 16:13
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…