Обучувач беше проф. Пиетро Берители од Универзитетот во Сент Гален, Швајцарија, а учествуваа, покрај професорите од ФТБЛ, и претставници од Факултетот за туризам и угостителство од Универзитетот „Св. Климент Охридски“, Факултетот за туризам од Институтот за географија, ПМФ – Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и Приватниот факултет за туризам и бизнис менаџмент во Скопје.
Како претставници на Факултетот за туризам и бизнис логистика учествуваа проф. д-р Билјана Петревска, проф. д-р Цане Котески, проф. д-р Златко Јаковлев и доц. д-р Тања Ангелкова-Петкова.