Одржана втората обука во рамките на Еразмус + проектот „Развој на ООР и мешовити модули за земјоделство и рурален развој“

Во рамките на Еразмус + програмата, како дел од проектот „Развој на ООР и мешовити модули за земјоделство и рурален развој“, во периодот од 30 јануари до 3 февруари во Медитеранскиот институт во Ханија, Грција, се одржа втората предвидена обука за партнерите од Грција.

Од Земјоделскиот факултет при УГД учествуваа проф. д-р Љупчо Михајлов, доц. д-р Фиданка Трајкова, доц. д-р Емилија Арсов и доц. д-р Биљана Балабанова.

Темата на обуката беше фокусирана на значењето на почвата за едно добро земјоделско производство, како и најчесто применувани лабораториски анализи за испитување на составот на почвата.

Обуката беше поделена во два дела: теоретски дел - преку размена на искуства и информации за почвениот менаџмент во Ханија и лабораториски дел - со практична анализа на составот на почвата.

Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…