Оваа ранг-листа се однесува на периодот 2015-2016 година, а Шангајскиот универзитет ја прави по барање на Министерството за образование на Р Македонија. Претходните две рангирања на високообразовните институции во Р Македонија беа објавени во 2012 и 2014 година. Шангајскиот универзитет рангирањето го прави врз основа на 21 индикатор од академските постигнувања и конкурентност, пред сѐ вреднувајќи ги основните мисии на високообразовните институции, како што се настава, истражување и социјални услуги.
Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип на второто место заостанува за само три поени зад најстариот универзитет во Македонија, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, а убедливо е најдобар универзитет во државата според социјалните услуги на студентите. Од Шангајскиот универзитет истакнуваат дека и со ова трето рангирање на високообразовните институции во Македонија, во континуитет се придонесува за транспарентноста, квалитетот и ефикасноста на високото образование во Македонија.
За Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип високото место на Шангајската ранг-листа доаѓа во момент кога одбележува десет години од своето постоење и секако е огромен поттик, посебно кога како најмлад универзитет во државата за само десет години се позиционира на второто место.
Преземено од:
http://www.shanghairanking.com/Macedonian_HEIs_Ranking/Macedonian-HEIs-Ranking-2015-2016.html