(Видео) „Со велосипед на факултет“

Во знак на одбележувањето на јубилејот „10 години УГД“, како завршен момент на прославувањето, Штип во неделата (26.3.2017 г.) беше центар на државата во поглед на велосипедизмот. По вторпат, Универзитетот „Гоце Делчев“ и Велосипедската федерација на Македонија ја организираа трката „Со велосипед на факултет“, со цел да се промовира велосипедизмот не само како спорт, туку и како начин на зачувување на чистата животна средина и здравите навики за младите. Како и минатата година, трката започна со настап на најмладите – децата од градинките и основните училишта во Штип до трето одделение, кои возеа промотивни два круга. Патеката оваа година беше на нова локација – булеварот „Партизанска“, од Автобуската станица до некогашен Базалт.

Рекреативците возеа во две категории – до 15 години и над 15 години.

Во категоријата до 15 години беа постигнати следниве резултати:

  1. Давид Милошев
  2. Панче Поп Методиев
  3. Јакуп Трајковски.

Категорија рекреативци над 15 години:

  1. Сашо Величков
  2. Живко Гурев
  3. Христијан Ристов.

Трката на лиценцираните велосипедисти се возеше во 40 круга на патеката која беше во должина од 1,2 километри, а настапија во повеќе категории. Еве ги резултатите.

Категорија под 13 години:

  1. Филип Петрески – „Илинден“  - Прилеп

Под 15 години:

  1. Тео Врандалиев – „Модел Бал“  - Скопје
  2. Лука Димитријоски – „Спид бајк“ - Кичево
  3. Лео Пановски – „МВК“ – Велес.

Жени:

  1. Анета Антовска – „Оксижен“ - Скопје
  2. Анита Величкоска – „Оксижен“ - Скопје
  3. Катерина Николоска – „Енерџи“ – Скопје.

Кадети:

  1. Виктор Ванчески – „МВК“ - Велес
  2. Ѓеорги Николов – „Драг“  - Бугарија
  3. Валентин Ѓеорѓиев – „Драг“  - Бугарија.

Јуниори:

  1. Александар Чавлески – „Модел бал“ - Скопје
  2. Лео Кралески – „Оксижен“  - Скопје
  3. Габриел Тодоров – „Драг“ – Бугарија.

Сениори:

  1. Никола Лефков – „Вело М“ - Куманово
  2. Денко Добрев – „Драг“ - Бугарија
  3. Никола Ѓукиќ – „Вело М“ – Куманово.

Последен пат изменето на Вторник, 28 Март 2017 09:21
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…