(Видео) Ова се победниците на вчерашната Ораторска вечер

Огромна посетеност на седмата по ред Ораторска вечер организирана од страна на Правниот факултет и Клубот на оратори „Ростра ветера“.

Студентите имаа говори на различни теми и во различни категории. Годинава имаше три категории: Историски говори, говори на тема „Говор на омраза“ и Слободна тема.

Младите сѐ повеќе и повеќе се заинтересирани за учество во една ваква манифестација. Она што нѐ радува е што секоја година ни се приклучуваат студенти од сите факултети, а не само од Правниот факултет - изјави м-р Елена Максимова, еден од организаторите на Ораторската вечер.

 

Во огромна конкуренција и по многу дебати, комисијата одлучи првото место во категоријата Историски говори да ѝ припадне на Елена Орцева, која го имаше говорот на Вероника Франко пред Венецијанскиот суд. 

Во категоријата Говор на омраза победник беше Иван Буралиев, кој зборуваше за моменталните ситуации и говорот на омраза и за исполнетоста на политичката сцена со говор на омраза.

Во категоријата Слободна тема победи Христина Спирова, која имаше говор за моменталните состојби на насилства врз новинарите и слободата на говорот во Македонија.

Сите победници добиваат парична награда од УГД и комплети на книги од автори на УГД. Победникот во категоријата Говор на омраза добива бесплатно учество во летната школа што ја организира мисијата на ОБСЕ во Скопје. 

На овој линк можат да се најдат сите говори во сите категории https://www.youtube.com/playlist?list=PLHcS9CAgVrFgcZosa6Tz7LQn58dnjin2U.

Последен пат изменето на Петок, 31 Март 2017 15:46
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…