Со разновидната понуда составена од преку 90 атрактивни студиски програми, Универзитетот „Гоце Делчев“ останува современа високообразовна институција која ги следи глобалните научни и образовни трендови.
Посетителите на штандот на УГД, кој ќе биде сместен во хала 2 на Скопскиот саем, ќе имаат можност да се информираат за сите услови и можности за студирање, да разговараат со своите идни професори и на тој начин полесно да донесат одлука каде ќе го продолжат своето образование.
Штандот за посетителите ќе биде отворен од 10 до 20 часот во четврток и во петок, а во сабота од 10 до 14.30 часот.