Сценариото и режијата се на Александар Донски, а монтажата и режијата се на Александар Донски и Александар Максимов. Текстот го читаат Игор Стојанов и Дијана Насева. Во филмот (кој трае 32 минути) е направен концизен преглед на сите позначајни настани уште од основањето на УГД, па до денес. Низ повеќе стари фотографии и видеозаписи ретроспективно се претставени сите единици на УГД и сите инфраструктурни објекти. Според зборовите на авторот Донски, идејата е овој филм, работен врз строго документарен принцип, да биде еден вид „временска капсула“ во која засекогаш ќе бидат „замрзнати“ сите позначајни настани на УГД во изминатите десет години, но и сегашниот момент во кој се наоѓа нашиот Универзитет. Оттаму, вредноста на овој филм, смета авторот, многу повеќе ќе доаѓа до израз како што ќе минува времето.