- Универзитетот во изминатите триесетина дена имаше неколку отворени денови, концептот е во сите градови каде што имаме наставни центри, Струмица, Кавадарци, Прилеп, Скопје и Штип, каде што студираат голем број студенти. Во Скопје во моментот имаме шест студиски програми, а во изминатите осум години пројавиле интерес и се запишале на УГД 4 720 средношколци од Скопје. Тоа е околу 25 % од вкупниот број на запишани студенти на УГД, што е доволен показател и Универзитетот чувствува одговорност да се претстави во Скопје и да сподели информации за активностите кои се случуваат на УГД. Во изминатите десет години се запишале околу 30 илјади студенти, во моментов активни се околу 12 илјади и има многу причини зошто треба да се избере некој од факултетите на УГД – изјави проректорот за настава на УГД, доц. д-р Кирил Барбареев.
На плоштадот „Македонија“ свој настап имаа студентите на Музичката академија при УГД.