Штандот на УГД предизвика интерес кај средношколците во Куманово, кои се интересираа за студиските програми што се нудат на факултетите и академиите, како и за специјалистичките студии. Интерес кај средношколците предизвикаа природно-техничките науки, но по традиција, во Куманово интересот е најголем за Факултетот за медицински науки.
Во рамките на манифестацијата беше одржана и трибина, на која покрај претставниците на средните училишта и високото образование, каде што беше и УГД, учествуваа и претставници на бизнис секторот, со цел да се види што е тоа што му е потребно на образованието како поддршка од претпријатијата за да може и образованието да одговори на очекувањата и да создава квалитетен, стручен и компетентен кадар.