Претставници на Мисијата на ОБСЕ на средба со ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев

Универзитетот „Гоце Делчев“ и Мисијата на ОБСЕ во Р Македонија имаат плодна соработка, која се реализира преку бројни заеднички проекти со факултетите во состав на Универзитетот. Ова беше потврдено и на средбата што ја имаа ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев, и претставници на ОБСЕ.

Ректорот Боев разговараше со господинот Џефри Голдстеин, заменик-шеф на Мисијата на ОБСЕ во Македонија, и господинот Џефри Билеи, шеф на Одделот за политички прашања. Во состав на делегацијата на ОБСЕ која го посети УГД беше и Јасмина Тодоровска-Митева, национален програмски офицер.

На средбата тие се запознаа со Универзитетот „Гоце Делчев“, а истовремено беше изразена подготвеност успешната соработка да се надградува и со нови проекти, во интерес на квалитетното високо образование на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.

Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…