(Видео) Потпишан Договор за соработка со Универзитетот „Шенјанг“ во Кина

Ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев, денес потпиша Договор за соработка со Универзитетот „Шенјанг“ во Кина. Станува збор за универзитет со кој професори од УГД работат на заеднички проекти, а сега соработката се продлабочува на ниво на универзитети.

  • Имаме особена чест и задоволство да им бидеме домаќини на нашите гости од Кина. Со Универзитетот „Шенјанг“ веќе имаме соработка. Наши истражувачи, како професорката Билјана Балабанова, работат на заеднички истражувачки проекти. Веќе договоривме да го посетиме Универзитетот во Кина и да размениме знаење и професори. Тоа е добро и се надеваме дека ќе вроди со плод. Тие се подготвени да ни помогнат во многу делови на науката, истражувањето и размената на професори - истакна ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев.

Претставниците од овој Универзитет за хемиско инженерство и технологија истакнаа дека се многу задоволни што имале можност да го посетат Универзитетот во Штип и дека наскоро очекуваат посета на делегација од УГД.

  • Мило ми е што сум во Македонија во посета на овој Универзитет. Особено ми е драго што денеска имавме плодни разговори со професорот Блажо Боев. Тоа беше многу корисен разговор. Не само што е добра комуникацијата меѓу нас двајцата, туку и меѓу двете држави. Се надеваме дека заеднички ќе работиме на проекти и дека резултатот ќе биде добар. Од вашиот ректор видовме дека ќе имаме добра комуникација и соработка и дека ова е добар почеток на нашата соработка, воедно во иднина ќе соработуваме многу повеќе во секоја област. Професорот истакна дека тој ќе го посети нашиот универзитет, па се надевам дека соработката ќе се продлабочува - истакна Бај Веј кој е професор на Универзитетот во Кина и по својата функција секретар на партијата.

Универзитетот  „Шенјанг“ во Кина е голем универзитет кој запишува повеќе од 30 000 студенти.

Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…