(Видео) УГД поддржувач на Oтворениот фестивал „Алшар 2017“

Здружението „Тиквешки точакџии“ во изминатиот викенд го организираше вториот по ред Отворен фестивал во недопрените предели на планината Кожуф, со посета и запознавање на мистериозниот Алшар.

Овој фестивал на отворено, кој претставува извонреден спој на науката, младоста и спортската авантура, уште со своето деби минатата година постигна полн погодок, ги освои срцата на вистинските љубители на природата со над 3 000 посетители и претставува вистински пат за развивање на еко и геотуризмот во овој дел на Македонија.

Официјалното отворање го направи најпознатиот македонски автомобилист Игор Стефановски - Иџе, по што следуваа големата и малата велосипедска тура, големата и малата планинарска тура во координација со Спортско-планинарското друштво „Орле“ - Кавадарци, како и стартот на планинарскиот маратон во координација на Атлетскиот клуб „Меридијан“ - Кавадарци. Детали и атмосферата на настанот можат да се видат во видеото во продолжение.

 

 

Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…