Уписите на УГД продолжуваат во Штип, Скопје, Струмица, Кавадарци, Прилеп...

Универзитетот „Гоце Делчев“ го реализира и вториот уписен рок, во кој паралелно се врши и запишувањето на студентите кои се примени во првиот уписен рок. Најголем дел од пријавените кандидати ја завршуваат последната фаза од запишувањето, над 80% се запишале. УГД ќе остане отворен за сите оние кандидати кои нема да успеат да завршат со запишувањето и не завршиле со финансиските уплати во овие два дена, со цел да им излезе во пресрет на оние студенти кои во моментот имаат финансиски проблеми.

- Она што може да се забележи е дека поголем дел од факултетите имаат пристојни бројки – Факултетот за медицински науки, Факултетот за образовни науки, Факултетот за туризам и бизнис логистика, Филолошкиот факултет, Факултетот за информатика и сите други факултети имаат бројки на студенти со кои ќе може да стартуваат со академската година. Постои намалување на бројот на студенти во некои наставни центри и некои дисперзирани студии, но ќе почекаме наредните десетина дена, да заврши и третиот уписен рок, па врз основа на тоа секој факултет и Универзитетот ќе излезе со своите анализи, бројки, како завршиле уписите. Во моментот постојат заинтересирани кандидати кои се интересираат за Факултетот за медицински науки, има места во квотата со кофинансирање. Универзитетот „Гоце Делчев“ ќе организира продолжување на приемот на документи и во текот на наредната недела, од вторник, ќе бидеме флексибилни за сите оние студенти, кандидати, кои во следните 5 до 10 дена треба да достават некоја дополнителна документација, сѐ со цел студентите да можат успешно да стартуваат во новата академска година – изјави проректорот за настава на УГД, проф. д-р Кирил Барбареев.

Во процедура во соработка со Министерството за образование е и запишувањето на студентите од странство, кои најпрво ќе треба да го изучуваат македонскиот јазик, по што ќе започнат и со редовна настава.

Последен пат изменето на Сабота, 26 Август 2017 11:33
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…