При посетата на наставните центри во Струмица и во Кавадарци, проректорот за настава проф. д-р Кирил Барбареев се сретна и со новинарите од овие региони, при што одговараше на прашања за состојбата со дисперзираните студии за кои во јавноста се појавија дезинформации дека ќе бидат укинати.
Проректорот Барбареев истакна дека на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип функционираат сите студиски програми и факултети во наставните центри, исто како и во минатата академска година, и тие се вклучени во Конкурсот за упис на студенти во академската 2017/2018 година.
Слободни места на дисперзиите во Скопје, Струмица, Кавадарци, Прилеп, Виница и Пробиштип има и за третиот уписен рок, а УГД посветува големо внимание на овие центри, посебно со поместувањето на студиските програми за профили за кои има потреба во бизнис секторот во соодветните региони.
Третиот уписен рок на УГД ќе се реализира на 4 и 5 септември.