На свечениот прв час на новите студенти на УГД ќе им се обрати ректорот, проф. д-р Блажо Боев, по што ќе следува културно-уметничкиот дел од програмата. Во овој дел настап ќе има Музичката академија при УГД, нејзиниот декан Антонијо Китановски, како и Васил Хаџиманов, Никола Ристановски и Гоце САФ.
Свеченост за првиот академски час ќе се организира и во наставните центри на УГД во Скопје, Кавадарци, Струмица и во Прилеп, исто така со почеток во 11 часот.
УГД ги поканува сите бруцоши да присуствуваат на првиот академски час и заедно да го започнеме нивниот пат кон нови знаења и кон академската заедница.