Тема на работилницата која во текот на два дена се одржува на УГД е „Промоција на позитивната работа со волонтери“, со акцент на волонтеризмот во спортот и спортските активности на Универзитетот „Гоце Делчев“, како и на универзитетите во Софија, Виена, Унгарија, Естонија и Исланд.
Проектот „Te(a)ching Sport“ како дел од програмата Еразмус плус има за цел преку работилници, спортски настани, креирање на наставна програма за студенти кои активно не се занимаваат со спорт и нивно мотивирање за физичка активност преку користење на мобилни апликации и иновативни технологии да се подобри процесот на спортски активности кај студентите, како и да се зајакне моделот на волонтеризам во спортот.
Воркшоп за волонтеризмот