Како дел од манифестацијата беше предавањето на тема „Обединувања и поделби на Германија“, кое го одржа еминентниот проф. д-р Петер Рау, Германец, кој несебично работи на афирмацијата на македонската култура и литература во Германија.
Интересот за присуството на настанот беше огромен, а овој искусен и научно докажан професор успеа на уникатен начин присутните студенти, ученици, наставници, професори и асистенти да ги прошета низ историјата на Германија.