Краток воведен курс за дизајнирање и креирање на видеолекции ќе се одржи во среда, 29.11.2017 година, од 12 до 14 часот, во просториите на Центарот за електронско учење.
Што е видеолекција?
Видеолекција е едукативно видео или академско предавање, конференција или презентација од некој професор, коешто е снимено и публикувано онлајн преку некој LMS (пр. Moodle) или јавно, на пример преку YouTube.
Што ќе биде презентирано?
Овде ќе биде разгледана употребата на видеолекциите во додипломските курсеви: преку дизајн и креирање на видеолекции до методолошки пристап и дискусија за предностите, недостатоците, можностите и предизвиците со кои се соочува оваа технологија. Употребата на кратки видеопредавања може да стане успешна практика со користење на нови пристапи во наставата, како што е превртена училница (flipped classroom).
Информации и контакт кај проф. Зоран Здравев, Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или на 075 210 074.