Одржани Митровденските средби на доктори на науки

По повод Денот на ослободувањето на Штип – 8 ноември, традиционално и годинава се одржаа Митровденските средби на доктори на науки. Беа промовирани десет нови доктори на науки кои со титулата се стекнале во изминатата година. Како и секогаш, значаен придонес во овој дел даваат и кадрите на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, кои годинава дадоа свој придонес во областите на медицинските, техничките, биотехничките и компјутерските науки.

Искористувањето на сонцето како обновлив извор на енергија, примената на инженерството во сите сфери во животот, совладувањето на новите предизвици во археологијата, техничките, биотехничките науки, се дел од интересите на десетте нови доктори на науки од Штип кои беа промовирани во НУ Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“.

Марија Чекеровска докторираше во областа на техничките науки, поточно машинството. Нејзиниот докторат проучува како да се искористи сонцето како обновлив извор на енергија. Таа експериментирала со нумеричко истражување на рамни сончеви колектори. Гордана Јанева е новиот доктор по археологија, Стојан Коцев по менаџмент, Билјана Ковачевиќ по биотехнички науки, Димитар Николов по филозофија на инженерство, Радмила Каранакова-Стефановска по технички науки, Наташа Лонгурова-Денкова и Стефан Петровски по медицински науки, Љубица Аџи-Андов-Петровска по биотехнички науки, а Светлана Кордумова-Трајанова по компјутерски науки.

Последен пат изменето на Петок, 10 Ноември 2017 11:23
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…