Симпозиум за дентална медицина на ФМН

Студентите и професорите од студиската програма Дентална медицина на Факултетот за медицински науки при УГД го организираа шестиот Симпозиум со меѓународно учество на тема „Неправилности, грешки и пропусти и нивно санирање при стоматолошките интервенции“.

На свеченото отворање на симпозиумот се обрати деканот на ФМН, проф. д-р Рубин Гулабоски, а презентации одржаа петмина стручњаци од областа на стоматологијата. Проф. д-р Нориа Бербу говореше за „Менаџирање на грешките и компликациите при коскена аугментација“, проф. д-р Александар Митиќ од Србија за „Реконструкција на ендодонтски третирани заби“, а неговиот сонародник проф. д-р Саша Станковиќ за „Грешки во изработка на керамички протетски надоместоци и како да ги избегнеме“. Меѓу предавачите беа и проф. д-р Бистра Ангеловска, професор на ФМН, со темата „Метериовигиланца – следење на несакани дејства на медицинските средства“, како и проф. д-р Лидија Поповска за „Постоперативна сензитивност“.

Последен пат изменето на Понеделник, 13 Ноември 2017 14:51
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…