Повик за интензивни постдипломски студии во САД

Министерството за образование и наука на Република Македонија (МОН) објави Повик за пријавување на интензивни постдипломски студии за наредната  2018 година во американски институти. Повикот е наменет за универзитетски професори и професори од средните училишта во Република Македонија.

Студирањето на институтите во САД ( SUSI) е спонзорирано од страна на Бирото за образовни и културни работи на Стејт департментот на Соединетите Американски Држави и е администрирано од страна на Амбасадата на САД во Република Македонија.

Повикот е во тек и е отворен до 15 декември 2017 година, а повеќе информации за програмите за студиите може да се најдат на веб-страницата на МОН, односно на следниот линк:  http://www.mon.gov.mk/index.php/konkursi/2167-2018

Апликациите треба да се испратат на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., а информации може да се добијат и на телефонскиот број 02 310 2099.

 

Последен пат изменето на Вторник, 14 Ноември 2017 09:27
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…