Одржување на работилница „Слобода на изразување“

На 17 ноември, со почеток во 11 часот, во свечената сала на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип ќе се одржи работилница на тема „Слобода на изразување“.

Работилницата претставува една од активностите што произлегоа од проектот „Превенција од дискриминација и постапување во случаи на криминал од омраза и говор на омраза“, што Правниот факултет под менторство на доц. д-р Ана Никодиновска-Крстевска го спроведува во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје и конкретно оваа активност ја организира во соработка со Центарот за односи со јавноста при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип.

Во рамките на работилницата, излагање ќе има новинарот Тони Михаилов од Центарот за односи со јавноста при УГД, на тема Слобода на изразување во медиуми, а преку скајп поврзување ќе се приклучи и новинарот Игор Стојанов од САД, кој ќе направи паралела помеѓу слободата на говорот во Соединетите Американски држави и во Република Македонија. Во прилог на тоа, студентите од студиската програма Новинарство и односи со јавноста од Штип и од Скопје ќе имаат свои презентации и анализи на теми поврзани со слобода на изразување.

Освен тоа, во соработка со Ликовната академија во фоајето на Домот на културата во Штип ќе биде отворена изложба на постери на студенти под менторство на доц. м-р Јана Јакимовска на тема „Цензура“.

Последен пат изменето на Среда, 15 Ноември 2017 13:42
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…