Координативна средба за проектот „Биоотпад“

На 17 ноември во просториите на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип беше реализирана првата координативна и работна средба на тимовите од Македонија кои управуваат со проектот „Биоотпад“.

Тимот на Универзитетот претставуван од проектниот менаџер м-р Васко Златковски реферираше за проектот во целина, но и за создавање на една групна слика на активностите што треба да бидат преземени и реализирани од страна на двата тима, од каде што ќе произлезе и постигнување на зацртаните цели од проектот и добивање на очекуваните резултати. Проектниот менаџер од Општина Пробиштип – Ирена Бошкова ни даде увид во динамиката на активностите во општината, при што се разгледани временските рамки на сите зацртани работни пакети (вкупно 6) до крајот на проектот и е утврдена динамика на дејствување на УГД и Општина Пробиштип.

На овој работен состанок една од најклучните дискусии беше разработка на прашалник, анкетирање на локално население (Пробиштип и Злетово) и анализа на добиените податоци од соодветните прашалници во врска со системот плати колку ќе фрлиш. Клучна улога во овој работен пакет имаат техничките лица ангажирани во проектот: проф. д-р Ѓорги Димов од УГД и Марјан Михајлов – техничко лице ангажирано од Општина Пробиштип. Според предвидените активности, до крајот на 2017 година би требало да ги имаме и првичните анализи на населението и истите да бидат соодветно објавени, по што ќе уследи набавување на опремата предвидена по проектот и ангажирање на експерти кои ќе вршат обука на населението и на вработените во комуналните претпријатија со цел добивање на резултати какви што се предвидени уште при апликацијата на „Биоотпад“.

Последен пат изменето на Понеделник, 20 Ноември 2017 15:06
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…