УГД со хуманитарни концерти на Васил Хаџиманов бенд и Break The Floor

Универзитетот „Гоце Делчев“ во наредните денови се вклучува во организацијата на два концерта кои имаат хуманитарен предзнак. Најпрвин во четврток, 23.11.2017 година, со почеток во 20 часот, во Мултимедијалниот центар на УГД ќе се одржи концерт на Васил Хаџиманов бенд. Цената на влезниците за овој концерт е 100 денари, а собраните средства ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

Ова е второ гостување на Васил Хаџиманов бенд на сцената на Мултимедијалниот центар и е одлична можност за уживање во квалитетна џез музика.

Хуманитарен концерт ќе се одржи и в петок (24.11.2017 година) на истата локација – Мултимедијален центар на УГД, а ќе настапи студиото за модерни танци Break The Floor. Концертот е организиран од Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и Црвениот крст. Концертот е бесплатен, а на влезот ќе бидат поставени пунктови за донација. Собраните средства и од овој концерт ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

Последен пат изменето на Четврток, 23 Ноември 2017 10:09
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…