Одбележан денот на раѓањето на Гоце Делчев

Во Штип, пред спомен-релјефот кој се наоѓа на некогашното училиште во кое учителствувал Гоце Делчев, а сега Ректорат на Универзитетот „Гоце Делчев“, беше одбележана 146-годишнината од неговото раѓање.

Меѓу делегациите кои пред  спомен-релјефот на Делчев положија свежо цвеќе беа и ректорот на УГД проф. д-р Блажо Боев и проректорот за настава проф. д-р Кирил Барбареев. На одбележувањето се обрати градоначалникот на Штип Благој Бочварски, а почит на револуционерот Делчев му одадоа и претставници на останатите институции, здруженија на граѓани и политички партии.

Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…