(Видео) УГД потпиша Договор за соработка со Универзитетот во Урошевац (Феризај), Косово

 

Ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев, и ректорот на Универзитетот за применети науки во Косово, проф. д-р Агрон Бајрактари, денес потпишаа Договор за соработка меѓу двете институции. Соработката ќе се одвива на повеќе полиња, а бенефит ќе имаат студентите и професорите од двете институции.

- Само што потпишавме Договор за соработка со УГД и соработката ќе ја насочиме во областите на внатрешен дизајн, архитектура, машинство и економија. Добро е да се биде овде и ние сме многу горди што сме на овој познат универзитет, не само во Македонија туку и во регионот. Се познаваме со ректорот од претходно, а сега веќе можеме да започнеме прекугранични проекти меѓу Македонија и Косово. Следниот период можеме да аплицираме и за Еразмус плус проекти. Ова е многу важно за нас, затоа што ќе имаме мобилност на студенти и вработени меѓу двата универзитета. Со ова ќе можеме да создадеме мост меѓу двете држави, меѓу двете нации - изјави проф. д-р Бајрактари.

Ректорот на УГД, пак, од друга страна истакна дека ова е одлична можност да се соработува со Универзитет во Косово и со Косово, со кој генерално треба да имаме добра соработка поради географската близина.

- Во насока на нашата политика на отвореност еве денес потпишуваме еден Договор за соработка со Државниот универзитет во Урошевац. Мислиме дека како две земји кои се блиски една со друга сме насочени на соработка едни со други. Ова е добра можност да воспоставиме соработка со овој универзитет во Косово. Тоа е еден убав универзитет кој порано беше дел од Универзитет во Приштина, а сега е независен универзитет. Нашата идна соработка ќе биде во делот на заедничка проектна активност и во делот на програмите на ЕУ и мислам дека ќе можеме да соработуваме во полето на размена на професори и студенти - изјави ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев.

Универзитетот за применети науки во Урошевац (Феризај) е државен универзитет во Косово. Претходно бил дел од најстариот универзитет за применети науки во Косово, а сега независен универзитет фокусиран во машинството и инженерингот, технологија на дрво и туризам. Универзитетот има блиска соработка со индустријата во Косово и тоа е она што го издвојува од другите косовски универзитети.

Последен пат изменето на Среда, 11 Април 2018 14:36
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…