Конференција „Говор на омраза и медиуми“ на Правниот факултет

Центарот за интеркултурен дијалог и Мисијата на ОБСЕ во Скопје организираа конференција за говор на омраза и медиумите. Станува збор за настан на кој се зборуваше како да се препознае говорот на омраза и како да се избегне.

Настанот се одржа денес на Правниот факултет при УГД, а предавач беше и професорот д-р Страшко Стојановски од Правен факултет.

- На оваа конференција имаше претставници од СВР Штип од Одделот за превенција, претставник од УГД, проф. д-р Страшко Стојановски и претставник од нашата организација кој зборуваше за искуствата што ги имаме во Македонија и на меѓународно ниво. Целта е да ги запознаеме младите која е тенката линија меѓу слободата на изразувањето и говорот на омраза. Често гледаме како слободата на изразување се користи како алатка за практикување на говор на омраза - изјави Нами Исаке од Центарот за интеркултурен дијалог.

Говорот на омраза постои секаде во светот, беше заклучено на оваа конференција, меѓутоа ретко се пријавува и тешко се препознава. Преку ваквите конференции младите ќе бидат едуцирани за тоа како да препознаат и пријават, а преку тоа и да се намали говорот на омраза во традиционалните медиуми и на интернет.

 

Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…