Во текот на два дена (26 и 27 април) во Мултимедијалниот центар на УГД обука ќе добијат преку 600 лица од образовните институции во Македонија.
Обуката ја организира Факултетот за образовни науки при УГД заедно со Издавачката куќа „Просветно дело“, а во соработка со Катедрата за педагогија при Филозофскиот факултет на УКИМ - Скопје и Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ при УКИМ - Скопје.
Предавачи ќе бидат: проф. д-р Лена Дамовска, проф. д-р Кирил Барбареев, проф. д-р Флорина Шеху, проф. д-р Снежана Мирасчиева, проф. д-р Снежана Јованова-Митковска и проф. д-р Маја Рауник-Кирков.
Обуката ќе започне во 11 часот во Мултимедијалниот центар на УГД.
Обуката е на тема „Дидактичко-методските аспекти и литературно-уметничките специфики на списанието за најмали ’Росица’ и прирачната литература за предучилишната програма, одобрени за употреба од МТСП при реализација на Програмата за рано учење и развој“.
Вашето присуство потврдете го на следнава е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..