- Навистина ни е чест и задоволство што за гостин го имаме писателот Горјан Петревски, затоа што неговите книги се еден патеводител, водич за нашите млади генерации, уште од најмладата, адолесцентска возраст. Тој е писател во македонската литература за деца и млади чии романи се неодминливи за воспитувањето на младите на чии плеќи лежи иднината на нашето општество – изјави проф. д-р Јованка Денкова од Факултетот за образовни науки.
Проф. д-р Благој Китанов истакна дека Горјан Петревски е еден од најзнаменитите автори за деца и млади на ова време и неговото творештво е од големо значење токму сега, кога семејството и општеството се наоѓаат во сосема поинаква состојба, а студентите имаат одлична можност да го видат писателот во живо и да постават прашања кои за нив се секако битни.
На средбата на Горјан Петреввски со студентите присуствуваше и професорот Стојан Јордановски од Педагошкиот факултет во Битола, кој говореше за романите „Другата Марта“ и „Марта“.
- Чест ми е што сум гостин на Факултетот за образовни науки. Вакви средби сум имал многу, постојано гостувам по сите градови, сите места низ Македонија, но мора да искажам благодарност до професорите и деканката на ФОН, што ми укажаа можност да се сретнам со луѓе пријатели, со читатели, студенти и верувам дека оваа средба ќе ја носам во сеќавањата. Ваквите средби се многу значајни, сигурен сум дека на студентите ќе им се допадне, а се надевам дека ова е само почеток, и сигурно дека ќе имаме и понатаму многу поводи за средби. Јас сега на оваа возраст го искажувам она што е зрело, што е созреано во мене, и сигурен сум дека сето тоа ќе им се допадне на читателите – изјави писателот Горјан Петревски.