Пред новинарите тој кажа дека со изборот на УГД студентите ќе го направат најдобриот избор и со сигурност ќе добијат квалитетно и употребливо знаење за иднината.
- Би сакал да информирам дека е распишан Kонкурсот на УГД за упис на нови студенти. Би сакал да ги повикам идните наши студенти да дојдат на УГД во Штип, бидејќи располагаме со соодветни услови и студиски програми. Располагаме со доволен број на квалитетни професори кои можат да изведуваат квалитетна настава. Гарантираме дека ќе добиете квалитетно образование за времето кое доаѓа и гарантираме дека ќе имате убав живот во градот Штип - изјави ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев.
Првиот уписен рок е на 29, 30 и 31 август и на 3 септември, а сите детали ги има во Конкурсот кој е веќе објавен на веб сајтот на УГД. Целосната прес-конференција на ректорот на УГД погледнете ја во видеото подолу.