Средношколски камп за медиумска писменост на УГД

Високата школа за новинарство и односи со јавноста, во партнерство со Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и дневниот весник „Нова Македонија“, од 11 до 14 јуни ќе организира Средношколски медиумски камп во Штип.

На кампот средношколците преку практична работа со професионални новинари и медиумски работници ќе учат како се прават видеоприлози, фото-приказни и како се подготвува телевизиска емисија. Учесници на кампот се авторите на најдобрите медиумски производи од Конкурсот „Изрази се преку медиумите“ и средношколци кои се активни соработници на средношколскиот весник „Медиум“.

 

Последен пат изменето на Вторник, 12 Јуни 2018 13:13
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…