Темата на дискусија на форумот беше „Спортот во високото образование - државна / институционална политика, начин на живот или непријатна обврска“ и на истиот проф. Попеска и ас. Ристова учествуваа со презентација на тема „Физичката активност на студентите на неделно ниво – состојби и перспективи во Македонија и можност за промоција на спортскиот туризам на универзитетство ниво“.
Целта на форумот беше да се направи соработка, размена на практични искуства и споделување на нови идеи со цел да се подобри здравјето и физичката активност на студентите. Дискусиите на форумот ја нагласија и врската помеѓу еко туризмот и спортот, како можност за промоција на природните обележја на двете земји преку спортски активности. Така и форумот беше организиран со агенда – еко туризам, односно посета – пешачење до Седумте Рилски Езера и посета топлите минерални води на Сапарева Бања.