Во таа насока, на 28 јуни годинава во просториите на Правниот факултет ќе се спроведе обука на студенти, кои ќе ја мапираат пристапноста на објектите на УГД за лицата со хендикеп. Околу дваесет студенти со и без хендикеп, во наредниот период, ќе направат проценка за степенот и видот на пристапноста, преку фотографирање и описно бележење на клучните делови пред и во објектите, а кои ја отежнуваат или олеснуваат пристапноста на лицата со телесен и сензорен хендикеп -сегашни или идни студенти.
Оваа активност е дел од проектот „Подобрување на остварувањето на правата на студентите со хендикеп во образовниот процес во Општина Штип“, поддржан од ПОЛИО ПЛУС Движење за хендикеп, финансиран од програмата Margina Obscura на Европската Унија, а спроведуван од Центарот за европска граѓанска иницијатива.