УГД на 11. Меѓународен универзитетски турнир во одбојка на плажа во Варна, Р. Бугарија

Студенти и спортисти од Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип од 16 до 21 август 2018 година учествуваа на 11. Меѓународен универзитетски турнир во одбојка на плажа, кој се одржува во Спортскиот комплекс „Камчија“ во Варна, Р. Бугарија.

На турнирот, покрај Македонија и домаќинот Бугарија, учествуваа над 150 натпреварувачи од осум земји, меѓу кои Русија, Романија, Србија, Либан, OAE и др. Се натпреваруваа 33 екипи во машка и 24 екипи во женска конкуренција. Учеството на екипите на УГД е организирано и поддржано од Универзитетскиот спортски и културен центар. 

Последен пат изменето на Среда, 22 Август 2018 10:25
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…