„Околу 400 студенти ќе можат оваа година да се запишат на дисперзираните студии во Наставниот центар - Струмица. Освен Земјоделски, Правен, Економски и Машински факултет од годинава новите студенти во овој регион ќе можат да изберат и Филолошки и Електротехнички факултет“. Ова, меѓу другото, го истакна проректорот на прес-конференцијата во Струмица.
Во Наставниот центар - Струмица во изминатите десет години се запишале над 2000 студенти, а УГД очекува добар интерес и оваа година.
Сите студиски програми и слободните места за идните студенти можат да се најдат во Конкурсот на следниов линк.