Турнирот беше во организација на Општина Гази Баба, а на него учествуваа екипи од Македонија, Србија и од Бугарија.
Екипата на УГД во полуфиналето ја победи екипата на ОК „Врање“ од Србија со резултат 3:1, а во финалниот меч издвои победа над домаќинот на турнирот екипата на „Јанта волеј“ од Скопје со 2:1.
За најдобар одбојкар беше прогласен Стефан Санев, а блокер Сефан Алексов, двајцата играчи на „УГД студент“ од Штип.