Годинава беа промовирани пет доктори на науки од Штип: Александра Роглева (Ангеловска) е доктор по правни науки и веќе е дел од Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, Валерија Камчевска, доктор по технички науки, Елена Максимова (Иванова), доктор по правни науки и дел од УГД, Сања Ристевски, доктор по технологија на текстил и исто така дел од УГД и Маријан Џидров, доктор по технички науки.
Сите доктори на науки беа промовирани од своите ментори и беше истакнато дека голем дел од овие трудови се веќе применети во реалниот сектор, а сите се исклучително квалитетни. Менторите истакнаа дека Штип треба да биде особено горд со секоја генерација на доктори на науки кои даваат особен придонес за развојот на градот и државата.
Детално за содржината на докторските дисертации погледнете во видеото во продолжение.