Двете институции веќе имаат воспоставено согласност за меѓусебна соработка и помош. Претставници на Универзитетот на ЈИЕ - Тетово беа Ѓорѓи Рафајловски, Визар Демири и Мартир Дика, а темата на средбата беше насочена кон пренесување нивни искуства во воспоставувањето и функционирањето на делот од универзитетот кој се занимава со заштита на интелектуалната сопственост и комерцијализирање на резултатите од истражувањето на истражувачите при оваа институција.
Беа пренесени драгоцени мислења и ставови за воспоставување на Центарот за трансфер на технологија, одделение за чие формирање Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип вложува големи напори.
Се разговараше и за интензивирање на соработката во домен на техничките дисциплини, во насока на заедничка поддршка при аплицирање на проекти од домашни и надворешни донатори.