(Видео) Средба на ректорот Боев со амбасадорката на Обединетото Кралство Рејчел Галовеј

Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“, проф. д-р Блажо Боев, оствари средба со амбасадорката на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Рејчел Галовеј.

- Соработката што ја има и досега УГД со Велика Британија има основа да продолжи и да се развива. Ова е навистина добра можност да разговараме за работата на УГД и плановите за иднина, но и за соработката што веќе ја имаме. Пред сѐ, Британскиот совет веќе има долгорочна соработка со УГД во областа на англискиот јазик, но исто така повеќе професори кои имав можност да ги сретнам денеска работат со нас на проекти од областа на животната средина и од областа на образованието, што мислам дека се важни области за граѓаните и за државата, и драго ни е што можеме да соработуваме со Универзитетот во вакви круцијални области – изјави Рејчел Галовеј.

- Ни претставува посебна чест што амбасадорката Галовеј го посети Универзитетот „Гоце Делчев“, бидејќи имаме многу голема соработка со универзитети во Велика Британија, како и со Амбасадата во РСМ. Мислам дека досегашната соработка што ја имаме претставува голема основа за понатамошна соработка во сферата на едукацијата, истражувањата, размената на професори со универзитетите во Велика Британија. Проектите кои постојат и денес со Британскиот совет во поглед на изучување на јазиците и културата на нашите два народа мислам дека се многу важна придобивка – изјави ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев.

Амбасадорката Рејчел Галовеј одржа и предавање пред студентите на Правниот факултет при УГД, каде што говореше на тема „Животот на дипломатите: работа и учење низ различни култури“.

На студентите им говорев за моето искуство како дипломат кој работел во различни држави и што значи тоа за работата и за начинот на кој се едуцирате. Имав можност да работам во Вашингтон, Брисел, Авганистан, еве сега и во РСМ, и мислам дека споделувањето на овие искуства беше интересно за студентите – изјави амбасадорката Галовеј.

Последен пат изменето на Четврток, 28 Февруари 2019 12:55
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…