Одбојкарките на УГД се пласираа во четврт-финалето на купот на Македонија

Со победа над екипата на „Ускана“ од Кичево со 3:1, женската екипа на „УГД студент“ обезбеди пласман во четврт-финалето на Купот на Република Северна Македонија.

Победата ја издвојуваа со резултати 23-25, 28-26, 25-9, 25-16 во четири сета. Натпреварот се одигра вчера во спортската сала „Јордан Мијалков“ во преполна сала од љубителите на одбојката.

Оваа недела се очекува ждребувањето за можниот противник на екипата на „УГД студент“ во четврт-финалето. Првиот четвртфинален натпревар ќе се одигра во почетокот на март.

Воедно и машката екипа на „УГД студент“ минатата седмица обезбеди пласман во четврт-финалето на купот на Македонија.

Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…