Повик за пријавување за универзитетски спортски игри

Се повикуваат сите студенти на УГД да сe пријават за учество на натпреварите од универзитетските спортски лиги на УГД. Ќе се организираат натпревари во следниве категории:

- баскет (мажи и жени)
- футсал (мажи и жени)
- ракомет (мажи и жени)
- одбојка (мажи и жени)
- пинг-понг (мажи и жени)
- шах (мажи и жени)
- атлетска трка 1,5 км (жени), Штип и Скопје
- атлетска трка 2 км (мажи), Штип и Скопје

Пријавувањето е до 13 март кај професорите по Спорт и рекреација или директно во спортската сала „Јордан Мијалков“.

Натпреварите ќе се  реализираат во период од 22 до 27 март.

Организатор на спортските лиги на УГД е Универзитетскиот спортски и културен центар.

Последен пат изменето на Понеделник, 04 Март 2019 14:10
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…