Свечена промоција на осуммина доктори на науки на УГД

Традицијата на свечено промовирање на новите доктори на науки на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип продолжува и годинава, во рамките на програмата за одбележување на Денот на УГД, 27 март.

Осуммина докторанди се здобија со титулата доктор на науки во периодот од март минатата година до денес. Тие ќе бидат промовирани на свеченоста што ќе се одржи во вторник, 26 март 2019 година, во 13 часот, во конференциската сала на Ректоратот на Универзитетот „Гоце Делчев“.   

Согласно со одредбите на Статутот на УГД и Правилникот за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање на трет циклус академски студии – докторски студии на УГД, ве известуваме дека: Александра Ристеска, Васко Шутарев, Везирка Јанкулоска, Оливера Бичиклиски, Петар Поп Арсов, Сања Ристески, Силвана Жежова и Хајрија Шкријељ јавно ги одбранија своите докторски дисертации и се стекнаа со научен назив доктор на науки.

Последен пат изменето на Среда, 20 Март 2019 10:56
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…