„Плати кафе со поезија, 2019"

Филолошкиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип се вклучува во одбележувањето на Светскиот ден на поезијата.

НУУБ „Гоце Делчев“ - Штип и студентите од Катедрата за македонски јазик и книжевност при Филолошкиот факултет се носители и организатори на настанот „Плати кафе со поезија, 2019".

Со мотото „Поезијата го прави светот подобар“, Филолошкиот факултет ги повикува сите заинтересирани студенти и граѓани да се приклучат во одбележувањето на Светскиот ден на поезијата.

Терминот на одржување на овој настан е 21 март 2019 г., во 11 часот, во Универзитетски ресторан во Штип.

Оставете ги за миг телефоните, инспирирајте се од кафето и платете го со поезија!

Последен пат изменето на Вторник, 19 Март 2019 13:35
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…