Поранешен уредник на „Вашингтон пост“ ќе одржи работилница на УГД

Миранда Спивачк, поранешен новинар и уредник во угледниот „Вашингтон пост“ во САД ќе одржи работилница пред студентите на УГД. Работилницата ќе биде на тема „Истражувачко новинарство“.

Миранда моментално работи како професор на Универзитетот „Де Пау“ во Индијана, САД, и во Македонија е како стипендист на програмата Фулбрајт. Воедно таа е истражувачки новинар во независниот центар за истражувачко новинарство „Reveal”. Спивачк е добитничка на бројни престижни новинарски награди, а долго време била уредник и новинар во весникот „Вашингтон пост“.

Работилницата ќе се одржи утре (2.4.2019 г.) во 12.30 часот во свечената сала на Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“.

Последен пат изменето на Понеделник, 01 Април 2019 13:40
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…